вторник , 26 септември 2017
sdsmkavadarci1-1-685x320

СДСМ помеѓу граѓаните на Кавардарци: Земјоделецот ќе го кренеме на нога

sdsmkavadarci1-1-685x320
„Пртседателката на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Татјана Прентовиќ и претседателот на Комисијата за животна средина, Пеце Мирчески, вчера беа помеѓу граѓаните на Кавадарци.

Земјоделскиот крај ги живее проблемите на лозарите но и на останатите земјоделци, граѓаните тешкиот секојдневен живот. Натежнала безработицата, неправдата“, велат од СДСМ.

-Тука сме да ги чуеме вашите проблеми, вашите маки и заедно да најдеме решенија, да си помогнеме. Визијата за подобра и поуспешна Република Македонија заедно ќе ја градиме и заедно ќе се избориме за подобар живот, рече Мирчески.

-Има решение и за загадувањето од Фени, само треба добра волја. Соодветна инвестиција во еколошки филтри по европски стандарди и проблемот ќе биде решен. Ние тоа ќе го направиме, додаде Мирчески.

„Лозарите од с.Возарци се пожалија на ниската откупна цена на грозјето, лошиот пласман, на секојдневните инспекции, нерамноправна распределба на субвенциите“, соопштуваат од СДСМ.

-Никогаш досега не било вака тешко за нас земјоделците. Македонија е аграрна земја ама земјоделците ни се заборавени, клекнати на колена. Земјоделското земјиште треба да го користат вистинските земјоделци и подеднакво да се распредели, велат револтираните лозари.

-СДСМ најпво ќе направи ревизија на земјоделското земјиште дали припаѓа на вистинските земјоделци. Секој земјоделец ќе има договорно производство и сигурен пласман. Вашата работа е макотрпна, затоа ќе воведеме бенифициран стаж. Ќе го укинеме персоналниот данок, ќе воведеме зелена нафта, ќе инвестираме во капитални проекти, сé со цел нашиот земјоделец да го кренеме на нога, порача Прентовиќ.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …