вторник , 26 септември 2017
poposkinikola

СДСМ: Попоски помага бегство на Мијалков, а и на кои други?!

poposkinikola
Инфомацијата дека на Сашо Мијалков му е издаден дипломатски пасош отвора нов сериозен скандал. Тоа значи дека институциите раководени од соработниците на Груевски влегуваат во сериозна злоупотреба на службената положба, велат од СДСМ.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски е должен веднаш да објасни по кој основ МНР дозволило дипломатски пасош за братучедот на Груевски, Сашо Мијалков?

Објавените документи покажуваат дека Мијалков добил дипломатски пасош како експерт. Каков експерт е Сашо Мијалков?

Mijalkov-diplomatski-pasos-ekspert

Која институција го именувала Мијалков за експерт и побарала за него дипломатски пасош?

Дипломатски пасош се издава на експерт во исклучителен случај со ограничен рок на употреба, додека е потребен престојот во странство на тоа лице.

На Мијалков, дипломатскиот пасош му бил издаден на 29 септември годинава и е со траење од 5 години!

Сашо Мијалков ја напушти позицијата директор на УБК, по скандалите со прислушувањето и случувањата во Куманово.

Овој потег на министерот за надворешни работи Попоски говори дека Груевски со соработниците подготвува терен за бегство на Сашо Мијалков од Македонија.

Прашање е уште колку вакви дипломатски пасоши издало МНР.

Укажуваме дека ќе има одговорност за сите кои ќе се вмешаат во незаконитите, криминални, панични потези на власта на Никола Груевски во замунување, се наведува во реакцијата на СДСМ.

 

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …