понеделник , 25 септември 2017
klubpratenici-555x320

СДСМ: Преговорите беа прекинати на барање на ВМРО-ДПМНЕ

klubpratenici-555x320Од СДСМ велат дека синоќешните преговори на работните групи, каде требаше да се постигне договор за изборната регулатива, биле прекинати на барање на делегатите од ВМРО-ДПМНЕ. Од тие причини изборните правила ќе бидат ставени на маса дури утре кога се очекува медијаторите да предложат сосема нов изборен законик потпишан од ЕУ.

Социјалдемократите обвинуваат дека владејачката партија прави се во нејзина моќ да ги одолговлекува преговорите со цел, како што велат, „да купат повеќе време“. Од таму велат дека делегатите на ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат неодговорно, дека постојано бараат пауза, често имаат внатре-партиски консултирања и дека отвораат веќе затворени теми. Тактиката, велат од СДСМ, е да ги одолговлекуваат решенијата и да ги кочат преговорите.

-Имаше крах кога се отворија големите теми. Бараат време но не кажуваат кога, колку време, до кога. Преговорите беа неочекувано прекинати, ние бевме спремни да ги продолжиме, но не беше спремна другата страна – велат од СДСМ.

Наводно претставниците од ВМРО-ДПМНЕ тврделе дека немаат мандат да носат одлуки во име на партијата, но од таму го негираат тоа.

Опозицијата тврди дека единствена страна која ги кочи преговорите е ВМРО-ДПМНЕ, но не и албанските партии.

Од СДСМ брифираат дека дел од прашањата се веќе затворени. Договорено е финансирањето на изборните кампањи со забрана за медиумите да донираат средства. Приближени се стојалиштата за поголемите прашања, но остануваа нерешени: гласањето на дијаспората, начинот на гласање на ДИК и изборниот модел во целина.

Возможно е изборниот модел да се промени затоа што е тесно поврзан со гласањето на дијаспората. Партиите се сепак во очекување на предлог законот што ќе го достават посредувачите од ЕУ затоа што тој ќе ги понуди финалните решенија. До тогаш нема да има нови преговори на партиската четворка, но возможни се билатерални средби.

Разговорите продолжиле во конструктивна атмосфера откако во Собранието се повлече законот кој забранува било каква употреба на бомбите. Од СДСМ велат дека ова е уште една стратегија на власта да го кочи процесот.

Биле приближани ставовите за избирачкиот список. Договорено било прочистувањето да се врши преку теренска проверка на гласачите, во комбинација со постоечките дата бази од институциите. Методологијата и механизмите треба дополнително да се утврдат.

Што се однесува до гласањето на дијаспората, СДСМ останува на ставот при изборот на пратеник да се изедначи бројот на гласови во Македонија и во странство. Меѓународните претставници предложиле гласањето на дијаспората или да се суспендира на наредните парламентарни избори, или да се наметне цензус. СДСМ бараат тој цензус да изнесува 85 отсто од просечниот број на гласови по пратеник во Македонија, додека ВМРО-ДПМНЕ предлагале далеку помал процент од 30 отсто.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …