вторник , 26 септември 2017
klub-na-pratenici-540x405

СДСМ: Преговорите нема да продолжат се додека не се спроведе Законот за Специјално јавно обвинителство

sdsm-sediste098-639x320
„Преговорите помеѓу четирите партии за отворените прашања нема да продолжат се додека не се испочитува и спроведе Законот за Специјално јавно обвинителство, односно не се изберат предложените обвинители.

Советот на јавни обвинители има обврска да го почитува законот и да му овозможи на Специјалниот јавен обвинител да го комплетира тимот на соработници согласно законските овластувања.

Бараме итна средба на четирите партии и претставниците на меѓународната заедница за кршењето на Законот за Специјалното јавно обвинителство и утврдување на рокови за исполнување на законските обврски.

Укажуваме дека во интерес на иднината и перспективата на Република Македонија е да и се овозможи на специјаланата јавна обвинителка да работи самостојно и независно согласно законските овластувања“, се вели во соопштението на СДСМ.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …