четврток , 19 октомври 2017
sdsm prileppp

СДСМ Прилеп: Како се потрошија милионите евра за нова канализациона мрежа во Прилеп?

sdsm prileppp

После вчерашните поплави во Прилеп, Марјан Ристески и ВМРО ДПМНЕ треба да одговорат, како се потрошија неколку милиони евра за изградба на нова канализациска мрежа од проектот за пречистителна станица во Прилеп?

После само еден час интензивен дожд, покрај тоа што Прилеп повторно наликуваше на Венеција, на видело излезе целата неспособност и нестручност во изградбата на канализационата мрежа.

Кој ги бираше изведувачите, дали се вршеше надзор над нивната работа, какви пропусти се направени во градежните зафати на терен, се прашања за кои нема да дозволиме да останат неодговорени.

За поплавите, штетите по општинскиот и приватниот имот и потенцијалните зарази од истечените фекалии по улиците на градот, како и за сите неправилности во изградбата мора да има морална, законска и политичка одговорност.

СДСМ уште од самиот почеток на проектот алармираше и укажуваше.

Проектот пречистителна станица во Прилеп беше дел и од аферата со бројните фирми во куќата на поранешниот Министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Граѓаните знаат дека и фирмите на изведувачот и надзорот беа сместени во куќата на Јанакиески и дека за градежните активности беше ангажирана фирма на негови роднини.

Потребна е целосна ревизија на трошењето на средствата од проектот за пречистителната станица и тоа ќе го направиме.

Screenshot_2015-08-04-15-17-12_1

Дополнително, алармиравме и за некадарноста на општинскиот штаб за справување со кризи, а советничката група на СДСМ ја напушти седницата кога се формираше истиот, од причини што во него е вклучен скоро целиот Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ, без ниту еден професионалец. Штетата од таквиот кризен штаб, за жал, и на сопствен грб, ја осетија граѓаните на Прилеп, се вели во денешното соопштение од Општинската организација на СДСМ Прилеп.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.