четврток , 19 октомври 2017
sdsm-sediste098-639x320

СДСМ : Реформите во МВР ставаат крај на партиските злоупотреби и ја враќаат довербата на граѓаните во полицијата

Владата предводена од СДСМ уште во првите сто дена од мандатот започна реформи во Министерството за внатрешни работи кои обезбедуваат поголема професионалност, транспарентност и ефикасност на полицијата, а истовремено се унапредува и статусот на полициските службеници.

Започнати се реформи на системот за следење на комуникациите преку кои ќе се гарантира независна и експертска контрола, што ќе се спроведува преку зајакнување на капацитетите за собраниски надзор.  Со таквите реформи се предвидува отстранување на посредничката улога на Управата за безбедност и контраразузнавање и се елиминира можноста за злоупотреба на таа институција.


Една од клучните реформи во борбата со организираниот криминал е отворањето на Националниот координативен центар за борба  против организиран криминал кој наскоро ќе почне да функционира и во него ќе бидат вклучени Управата за финансиска полиција,  Управата за јавни приходи, Управата за финансиско разузнавање, Царинската Управа и Јавното обвинителство.


Реформите во полицијата предвидуваат и подобрување на условите за работа и унапредување на статусот на вработените во Министерството за внатрешни работи. Преку кратење на непотребните трошоци за ручеци и репрезентации , се ослободуваат средства за набавка на нови униформи, чизми чевли, ремени…со што припадниците на полицијата после цели десет години ќе добијат нови униформи.


Реформите во Министерството за внатрешни работи кои се дел од владиниот рефорски План 3-6-9 ја враќаат довербата во полицијата што беше нарушена во изминативе 11 години, МВР наместо сервис на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ станува вистински сервис и партнер на граѓаните. Парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ продолжуваат со остварување на дадените ветувања и спроведување на мерките што носат отворени институции, нови работни места и квалитетен живот за сите.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.