вторник , 26 септември 2017
mijalkov-telefonira

СДСМ: Се стеснува кругот околу Сашо Мијалков, бегање од одговорност нема !

sdsm-sediste098-639x320
Сашо Мијалков, братучедот на Никола Груевски, ги потврди информациите дека бил приведен на белградскиот аеродром, откако во неговата торба му бил пронајден пиштол.

Ова е нов скандал, по серијата скандали од коишто последен беше со дипломатскиот пасош на Мијалков.

Како Сашо Мијалков успеал да ја помине контролата на аеродромот во Скопје? Кој дозволил Мијалков да помине без да биде проверено што носи?

Кој ќе превземе одговорност што непријавен пиштол бил дозволен во авион?

Кој ја гарантира безбедноста на авионскиот сообраќај?

Дополнително, овој скандал отвора прашање што друго носи во своите куфери Сашо Мијалков кои очигледно поминуваат непроверени во Македонија.

Ако не пријавил пиштол што се друго не пријавува Сашо Мијалков кога ја напушта земјава?

Овие настани уште еднаш ја потврдуваат потребата од темелна реконструкција на државниот систем и институциите во Република Македонија.

Едно е јасно. Се стеснува кругот околу Сашо Мијалков. Од одговорност бегање нема, каде и да оди.

 

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …