вторник , 24 октомври 2017
Stip-0010-1-685x320

СДСМ Штип: ВМРО-ДПМНЕ ветува изградба на нова болница во Штип пред секои изборни циклуси

Stip-0010-1-685x320
„Во неможност да се сокрие по катастрофалната состојба во којашто ја доведе болницата во Штип и лажните, неисполнети ветувања пред граѓаните, нервозата на ВМРО-ДПМНЕ станува се поголема и поголема.

Министерството за здравство треба да знае дека политиките на мачкање на очи и манипулација на граѓаните повеќе не поминуваат.

Вистината, фактите говорат дека 9 години власта на ВМРО-ДПМНЕ ги лаже штипјани и ветува изградба на нова болница во Штип пред секои изборни циклуси.

Штипјани знаат дека во времето пред доаѓањето на власт на оваа криминална групација на ВМРО-ДПМНЕ, којашто направи пустош во целото општество а најмногу во здравството, во болницата во Штип изградени се неколку болнички објекти, и тоа со сопствени средства, а не со кредити.

Тоа се Инфективното одделение, Детското оддление, блокот во којшто е сместено рентген одделение, лабораторијата, очното и ушното одделение. Сите овие одделенија денеска се запустени и во многу лоша, кататрофална состојба. Во што се претворени и на што личат овие објекти денес, сведоци се самите пациенти.

Во време на СДСМ, за прв пат пациентите од Штип и регионот добија Компјутеризирана томографија, која дотогаш ја немаше во болницата.

Во времето на СДСМ комплетно е реновиран целиот оперативен хируршки блок, отворени се нови операциони сали, со комплетно нова опрема.

Единствен успех на ВМРО-ДПМНЕ е што во изминатите девет години ја уништи боницата во Штип, го загрози здравствениот систем, ги понижи пациентите и го урниса достоинството на медицинскиот персонал“, се вели во соопштението на СДСМ Штип.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …