вторник , 27 јуни 2017
sdsm-sediste098-639x320

СДСМ: Сите да постапуваат разумно и законски да се овозможи мирен трансфер на власта

Граѓаните на Република Македонија ја очекуваат новата реформска влада за конечно да почнат промените за добар и достоинствен живот за сите, велат од СДСМ во нивното редовно утринско соопштение.

„Личната корист на сметка на граѓанските државни интереси е причината поради која оваа мала група во врвот на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Груевски измислува непостоечки теми. Тие знаат дека партијата е веќе опозиција и дека правната држава ќе им ги скрати личните бенефити. Тоа го знае и членството на ВМРО-ДПМНЕ, кое сега треба да реагира и да покаже дека им се важни граѓаните, а не заштита на криминалот. Тоа мора да го направи и Ѓорѓе Иванов така што ќе го додели мандатот за составување влада. Новиот претседател на Собранието го информираше Иванов дека има легитимно парламентарно мнозинство и Иванов е должен да го почитува Уставот“, се вели во партиското соопштение.

Од СДСМ апелираат сите да постапуваат разумно и законски, за да се овозможи мирен трансфер на власта.

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …