петок , 18 август 2017
sdsm-sediste098-639x320

СДСМ: Со Сеад Кочан, падна и последната маска на Груевски!

„Паднаа маските на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштението во коешто ВМРО-ДПМНЕ го штити медиумскиот и бизнис партнер на Груевски, Сеад Кочан, потврдува дека се што прави оваа партија има единствена цел, заштита на нивните криминали и лично стекнатите богатства.

Секој кој работел противзаконски мора да понесе одговорност.

Раководство на ВМРО-ДПМНЕ мора веднаш да престане со злоупотребата на луѓе за протести, дури и на деца, ученици, да престанат да провоцираат инциденти, конфликти и насилство и да овозможи мирен трансфер на власта“, се вели во рекацијата на СДСМ, на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични написи

Barselona-napad-2

Македонски државјанин повреден во нападот во Барселона, потврди МНР

Македонски државјанин е повреден во терористичките напади што вчера се случија во Барселона. Како што …