недела , 24 септември 2017
stavrevski-e1445242578127-628x320

СДСМ: Ставрески повторно го крие јавниот долг

stavrevski-e1445242578127-628x320„Човекот којшто е главен реализатор на шемите на Груевски „трошиме за чоколадо а немаме за леб“, Зоран Ставрески, не го почитува Законот за јавниот долг, што самиот си го побара а му го изгласа владејачкото мнозинство.

По скратена постапка, кога опозициските пратеници не учествуваа во работата на Собранието, власта самата си изгласа промена на Законот за јавен долг.

1

Целта беше нереално да се прикаже вистинската сума на јавниот долг.

Согласно истиот овој закон Ставрески имаше обврска да објави колкав е државниот и јавниот долг на 30 октомври 2015 година, односно вчера.

2

Како што може да се увери целата јавност, рокот измина. Ставрески го прекши законот, долгот не е објавен.

Ставрески очигледно повторно го крие долгот од јавноста“, се вели во соопштението на СДСМ.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …