понеделник , 25 септември 2017
So much for a paperless system....
So much for a paperless system....

СДСМ: Странците ќе понудат нов изборен закон, без дијаспората барем на овие избори

So much for a paperless system....
So much for a paperless system….

Повеќето прашања, за кои вчера се разговарало на работните групи се затворени, но како што информираат од СДСМ, проблем било гласањето на дијаспората и одлучувањето во ДИК. Можно е на овие избори гласањето на дијаспората да биде суспендирано, на барање на меѓународната заедница.

Денеска не се очекува нов состанок на работните групи, освен билатерални средби меѓу партиите, а за утре меѓународната заедница ќе достави свој предлог-закон.

Како што информираат од опозицијата, прашањето за финансирањето на кампањите е затворено и е одлучено медиумите да не смеат да донираат пари за кампањи на партиите.

Политичките партии сè уште немаат постигнато консензус за тоа дали Македонија ќе биде една или повеќе изборни единици, бидејќи тоа е директно поврзано со гласањето на дијаспората. Засега е договорено да има и целосна теренска проверка на избирачкиот список, со вкрстено проверување на базите на податоци. Активна регистрација сепак, нема да има, затоа што многу странски експерти советувале дека тоа е нефункционално решение.

Проблемите кои беа минатите избори со фиктивните гласачи, оваа година ќе бидат полесно да се решат, затоа што ДИК ќе има поголеми надлежности и пристап до базите на МВР.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …