петок , 22 септември 2017
ivo-kotevski-19noe-618x320

СДСМ: Трансферот на Котевски ја потврди досегашната партизираност на МВР

ivo-kotevski-19noe-618x320Трансферот на Иво Котевски од помошник на министерот за внатрешни работи на челната позицијата во Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја потврди досегашната партизираност на МВР.

Министерството за внатрешни работи во изминатиот период функционираше како партиска испостава на ВМРО-ДПМНЕ, или како „МВРО-ВМРО“ по признанието на Гордана Јанкуловска.

Причините за бегањето на Котевски од МВР пред доаѓањето на новиот министер за внатрешни работи, јавноста дополнително ќе ги дознае.

Клучно за нормализирање на институциите во Р.Македонија е сите оние кои ги прекршиле законите и биле вмешани во криминал, корупција и други недозволени активности да понесат одговорност, велат од СДСМ.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …