недела , 22 октомври 2017
sdsm-sediste098-639x320

СДСМ : ВМРО-ДПМНЕ е единствена партиjа којaшто не платила данок, се потврди лажната загриженост за економијата

Последните објавени информации дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ од претходните парламентарни избори не платила данок на државата, се уште еден доказ за лицемерното, неодговорно и антидржавно однесување на ВМРО-ДПМНЕ.

Долгот што ВМРО-ДПМНЕ го има кон државата, поради неплатен данок, докажува дека партијата на Никола Груевски, воопшто не ја интересираат ниту граѓаните ниту државата.

Крајно лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ, најбогатата партија во Европа, да глуми загриженост за економијата и буџетот на Република Македонија, а истовремено да не ги исполнува своите законски обврски за плаќање на даноци. 

Доколку ВМРО-ДПМНЕ мислеше на државата и нејзините граѓани, а не на криминалните апетити на Груевски, тогаш, како и секое друго правно и физичко лице, навремено ќе ги исплаќаше своите обврски кон државата.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …