недела , 22 октомври 2017
sdsm-sediste098-639x320

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да лаже и да го крши Изборниот законик

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лаги за СДСМ и претседателот Зоран Заев. Лагите стануваат се поголеми како што се приближуваат изборите и како се зголемува паниката и стравот кај власта од обединетите граѓани кои на 11 декември ќе ги поразат ваквите политики.

Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го крши Изборниот законик.

Денешната официјална прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ претставува изборно медиумско претставување, поради изнесените ставови на политичката партија од страна на гласноговорникот Ивица Коневски.

Според членот 69-а од Изборниот законик, за изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани, организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потвредните кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми.

За потсетување, изборно медиумско претставување е промовирање, непосредно или посредно, на ставови, програми, платформи, достигнувања, активности и др. на политички партии и нивни претставници (член 2 став 1 точка 28 од Изборен законик).

Изборната кампања за Предвремените парламентарни избори започнува на 21 ноември.

Оваа активност не е во согласност со член 69—а и претставува прекршување на Изборниот законик.
Државната изборна комисија и Ад хок Комисијата при Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги треба веднаш да реагираат и да ги санкционираат ваквите прекршувања.
СДСМ за досегашните прекршувања на Изборниот законик веќе има доставено претставки до надлежните органи.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …