понеделник , 21 август 2017
zoran zaev 26

СДСМ: Заев нема да оди на лидерска средба

Кабинетот на Иванов-се прават контакти лидерска треба да има Речиси е извесно дека Зоран Заев нема да се појави на лидерската средба што ја свика Претседателот Ѓорѓе Иванов, брифираат партиски извори.Во официјалното соопштение од партијата го обвинија токму Претседателот Ѓорге Иванов и Трајко Велјаноски за вчерашното сценарио.Велат дека не е логично Иванов да организира средба, затоа што тој со своите постапки придонел за овие инциденти.

Инаку, Раководството на партијата денеска ќе одржи внатре партиска средба на која треба да одлучи кои ќе бидат следните чекори што ќе ги превземе партијата.Од прес-центрите на останатите партии молк.Но, извесно е дека од Алијанса на Албанците, нема да има претставник по вечрашниот физички напад врз пратеникот Зијадин Села. Од кабинетот на Иванов не соопштуваат во колку часот ќе се одржи лидерската средба.Но, од таму додаваат дека се прават контакти со претставниците на партијата и дека лидерска средба во текот на денот ќе има.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …