недела , 20 август 2017
moj-termin

СДСМ: Здравствениот систем во амбис по Мој термин

Најрелевантното рангирање на здравствените системи за Европската комисија, Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ), го потврди она што граѓаните го чувствуваат врз своето здравје. Тоа е дека добиваат се полоши здравствени услуги, поради нефункционален здравствен систем, соопшти СДСМ.

Како што се наведува во соопштението, земјава на ЕХЦИ скала, паднала за 4 места подолу во 2016 година, во однос на 2014 година.

EHCI-rank-2014

„Македонија, во 2014 година била на 16 место. Тоа е годината по којашто е воведен Мој термин во здравството (јули 2013). Но во 2015 година, граѓаните наместо да доаѓаат до поквалитетни услуги во здравството, Македонија има пад за две места. Најновите податоци за 2016 година покажуваат дека Македонија паднала уште две места на скалата, со што сега е на 20 место од вкупно 35 земји во коишто се правени анализите“,констатираат од СДСМ.

Според СДСМ, овој пад покажува дека проекти во здравството се лажни и дека граѓаните се помалку се заштитени од здравствениот систем.

„Граѓаните ја препознааа несовесноста на Никола Тодоров и на власта во заминување кои се заинтересирани само за тендери, а не и за заштита на нивното здравје и затоа избраа промени.Само нова одговорна Влада може да ги заштити граѓаните чие здравје е во опасност од криминалната власт во заминување“ се наведува во соопштението.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …