сабота , 21 октомври 2017
aop

Се бараат поголеми ингеренции за Агенцијата на заедниците под 20 отсто

Амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние, ја посети Агенцијата за остварување на правата на заедниците и оствари протоколарана средба со директорите Илхан Рахман и Џелал Хоџиќ

На средбата првенствено се дискутираше за состојбата на заедниците кои се под 20 отсто, нивната правична застапеност во админстрацијата, образованието на мајчин јазик и промовирање на нивната култура. Директорот  Рахман зборуваше за позицијата и улогата на АОПЗ, како и потребата од измени на законот со кој ќе се зголемат нејзините ингеренции. Хоџиќ го информираше амбасадорот Тимониер за идните планови на Агенцијата, како и очекувањата што поскоро да се обнови соработката со ОБСЕ.

На состанокот се зборуваше и за потребата да се зајакнат капацитетите на невладините организации кои работат на прашања од областите на остварување на правата на заедниците под 20 отсто. На состанокот се договори редовна соработка и координација помеѓу Агенцијата и амбасадата на Франција.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.