сабота , 23 септември 2017
pari11

Сè повеќе кредити во приватниот сектор

pari11Во однос на кредитниот пазар, првичните податоци за септември покажуваат забрзување на месечниот пораст на вкупните кредити на приватниот сектор.

– Во септември, кредитната поддршка беше насочена и кон населението, но и кон корпоративниот сектор, каде што по двомесечното намалување, кредитите забележаа пораст. Годишната стапка на пораст на вкупните кредити во септември изнесува 8,9 проценти и е малку пониска во однос на проекцијата. Во однос на депозитниот потенцијал, првичните податоци, заклучно со септември, покажуваат нивно минимално зголемување, при пораст на депозитите на населението – велат од Народна банка.

Слични написи

dragan tevdovski

Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавни финансии 2018-2021

Македонија до крајот на годината ќе ја добие првата Стратегија за управување со јавните финансии …