петок , 22 септември 2017
jasminka angelova

СЕ СПРОВЕДУВА ЛИ НАРЕДБАТА ЗА НОВИТЕ „ЛАЖНИ ПАСОШИ“?!

На ТВ Сител го гледав интервјуто на премиерот во заминување! Можеби е последно, а?! Некако цело време тешко се издишува, ќе пукне, аман. И заборави да ни го честита државниот празник, маки ли се големи…

Вели дека сигурно ќе победат на наредните избори, дека имаат силна подршка од граѓаните и демек затоа биле попустливи во преговорите наспроти шпекулациите на СДСМ за оцрнување на него и останатите министри, за да не влезеле како попарени во изборната трка цццц сешто му текнува, нели!

Ми делува како попарен, несигурен, дезориентиран…. а шузнам оти така кога според полициските шпекулации, неговата наредба дадена во Управните служби на МВР беспрекорно се спроведува…

Вели дека Дијаспората во мнозинство гласела за нив! Затоа, сакала СДСМ да ја суспендира цццц што ли ќе му текне, демек луѓето од таму им биле криви што гласале за ВМРО ДПМНЕ.

Е сега вака. Од премногу турбулентни настани не стигнав да го забележам предупредувањето дека додека се преговара зад затворената врата, режимот забрзано во нивен стил се подготвува за претстојната изборна трка…

Стремежот да излезе вистината директно од полициските кругови вели вака: Наредбата гласи! Веднаш да се издадат државјанства и патни исправи на иселениците во Америка, особено за нашинците во Детроит! Да ги испратиме додека премиерот е таму!

Понатамошните гласини велат дека одговорните во одделот на државјанства во МВР, пред десеттина дена биле видно вознемирени и растрчани од наредбата на министерскиот врв кои ја пренеле пораката на премиерот. Некои од вработените кои се подредени на овие изборни фалсификатори реагирале дека не може веднаш да се изготват државјанства, затоа што некои лица повеќе од 50 – на години биле иселени од Македонија, за некои немало никаква евиденција, а камо ли веднаш да им испечатат пасоши и да ги испратат додека премиерот е во Америка…

Дваесеттина минути од хаосот што настанал во Управните служби се појавил шефот на државата, Ѓорѓе Иванов, па вработените се прашувале дали е коинциденција или лично морал ( што познавајќи го од досега виденото, лично неверувам) да се увери како се спроведува оваа наредба…

Штета, нема видео запис кога премиерот се јавил на телефон и пред иселениците ги нарачал пасошите за новите гласачи во дијаспорота:) Баш ќе беше интересно да го видиме неговото задоволство во нарачката:)

Уште не ми е јасно дали гостувањето на претседателот Иванов, во првата емисија од новата сезона на „Акцент“ на Македонската телевизија беше во живо или емисијата била снимена преку ден?! Тогаш на сите владини мегафони одеше и изјавата: премиерот Груевски, го втемели правото на глас на иселениците и во оваа прилика тој искажа благодарност до претставниците на македонската дијаспора за промовирањето на Македонија.

Дилемата ми се појави откако истата вечер ја слушнав најавата на МРТ, а во текот на денот ја добив информацијата дека претседателот Иванов околу 10.30 часот пристигнал во МРТ и се упатил во правец на Управните служби на МВР. Помислив, ајде можеби таква е претседателската агенда!

Ова ме поттикна да побарам информација на официјалната страница на Претседателот на РМ за дневната агенда на претседателот каде беше наведено дека во четврток, 01 Октомври 2015, шефот на државата испратил Честитка до Претседателот на НР Кина г. Си Џинпинг, по повод Националниот Празник на НР Кина. И толку, од дневниот работен распоред!!!

Барав по порталите да видам какви активности имал претседателот на РМ. Но, немаше ништо. Повторно се замислив?! Зошто вакво предупредување од полициски службеници за повторно неосновано издавање на државјанства, за незаконска изработка на пасоши…!!! Ајде, можеби е само коинциденција па претседателот одел само на снимање на емисијата, која се разбира дека од безбедносни причини не смее да се емитува во живо:)

После последново интервју на премиерот во заминување, веќе ми се разјасни зошто на преговарачката маса сеуште прашањето за дијаспората не е решено, зошто тактизираат и манипулираат… Доколку се продолжи со старата пракса на изработката на лажни лични карти, пасоши, фантомски гласачи од Пустец, носење гласачи од прекуокеанските земји итн итн се плашам дека повторно во предизборието ќе се соочиме со сериозни проблеми!!!

Затоа, после сите непрекинати лаги и манипулации на режимот, новиот Министер за внатрешни работи може веднаш да испорача резултати од проверките што не трпат одлагање и што можат да се проверат во најкраток рок:

– Итна забрана во Управните служби на МВР и детална проверка на матичната евиденција на граѓаните забележани во избирачкиот список, итна контрола во УБК за незаконското Прислушкување во Институцијата, комплетна истрага за вистината и одговорноста за кумановската акција, проширување на пријавата со нови осомничени за убиството на Мартин Нешкоски, нова истрага (особено внимание на доказите во одделот за крим техника) кои се однесуваат на смртта на великанот на македонското новинарство, Никола Младенов, па дури да се произнесе и за случајот Монструм, независно од проверките на СЈО, во МВР може да дознае и да утврди дали се вистинити шпекулациите за вистинските сторители на грозоморниот чин и уапсените во случајот, вклучувајќи ја и сопственоста на пронајденото возило на местото на настанот и од кого навистина било управувано критичниот ден…И Нормално за сето ова да се извести Јавноста!!!

Да не изумиме дека институциите се приватизирани од Партијата!!!
А парите и машинеријата и поголем дел од медиумите се во нивни раце!!!

Сепак да бидеме повеќе од внимателни затоа што на априлските избори нема да гласа Меѓународната заедница…

Јасминка Ангелова

Слични написи

received_10208023772386693

И биднаа безмалку педесет дена од новата Влада!

Колумната ќе ја започнам со една приказна, која оди вака: ,, Бог му заповедал на …