недела , 22 октомври 2017
resen-bitola-pat

Сè уште се реконструира патот Битола – Ресен – Буково

ПРОЕКТ: Довршување на изградбата на училиштето во Селце, Тетово (рок за реализација 2014-2018)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Околу 350 ученици од село Селце наставниот процес го следат во мошне тешки услови, во објект кој што е изграден во далечната 1954 година, со камења и кал, кој што има застарена електрична инсталација и недостиг на елементарни услови за одржување на наставниот процес. Работите за изградба на објектот стигнале до фаза на карабина и таму се прекинати. Во Политичката програма на ДУИ (страна 286), како рок за довршување на изградбата на училиштето беше наведена 2014 година, но бидејќи немаше некоја конкретна завршница, се одреди нов рок – 2018 година. Досега (13.10.2016) ова ветување не е реализирано.

Од управата на ова училиште велат дека се поднесувани постојани барања за довршување на објектот на училиштето, но без некој конкретен резултат.

„Темелите на ова училиште се поставени во 2000 година и оттогаш па до денес, училиштето е во состојба на карабина. Независно од нашите постојани барања, било писмени или на официјални состаноци со Министерството за образование, сите наши напори наидоа на глуви уши.“ (Извор: Aлсат-M, 12.11.2013)

На 17.11.2013  заменик-министерот за образование, Сафет Незири, беше во с. Селце за да ја види состојбата на објектот одблиску. Тој извести дека проектот за новиот објект на училиштето „Рилиндја“ пропаднал и дека работитe не можат да продолжат таму поради пукнатини во основата и ѕидовите на објектот.

„Во овој објект во моментот не може да продолжиме да градиме поради пукнатините во оснновата и деформацијата на плочата. Ќе се направи комплетна ревизија на документацијата, ќе дојдат и експерти за да направат увид и надзор на објектот…„. (Извор: Aлсат-M, 17.11.2013)

Со оглед на нереализацијата на овој проект на локацијата која што беше одредена, Незири вети дека ќе се ангажираат да се најде друга локација во ова село, за да се изгради нов училишен објект.

На 27.12.2014 Телевизијата Aлсат-M, извести дека сеуште нема некое конкретно решение во врска со утврдувањето на новата локација за изградба на училиштето во тетовското село Селце. Претходниот проект, кој што беше почнат пред 14 години, останал во иста состојба. А екс-министерот за образование и наука, Абдулаќим Адеми, продолжи со ветувања, велејќи дека локацијата е утврдена и само треба да се подготви проектот и дополнителната документација.

„Во комуникација сме со општина Тетово, која што требаше да најде локација и како што ме известија, локацијата е утврдена, а истотака треба да се подготви проектот и дополнителната документација.“ (Извор: Aлсат- M, 27.12.2014)

Од друга страна, градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, во нејзината изјава не кажа точно дека локацијата за изградба на училиштето е навистина најдена.

„Ниe многу бргу ќе ги завршиме условите за планирање, и Министерството може да продолжи, доколку има буџет за да напредува со проектот што е можно побргу.“ (Извор: Aлсат-M, 27.12.2014)

На крај, (21.05.2016) и актуелниот министер за образование и наука, Пиштар Лутфиу, продолжи со ветувањата за наоѓање на земјиште за објектот.

„Ние како Министерство ќе се ангажираме да се најде безбедно земјиште, за да учениците учат и да бидат безбедни. Очекуваме одговор од експертите кои што ќе извршат проверка на земјиштето во некоја друга локација и да се превземат мерки за изградба на училиштето.„ (Извор: Aлсат-M, 21.05.2016)

Од тоа што можеме да процениме, претходниот проект, кој што е почнат пред 14 години, останал во фаза на карабина и сеуште нема некое конкретно решение во однос на утврдување на новата локација за изградба на училиштето во тетовското село Слеце, а 300 ученици на училиштето „Рилиндја“ од ова село продолжуваат да ја следат наставата во мизерни услови. Според методологијата на Вистиномер, можеме да заклучиме дека проектот „Довршување на изградбата на училиштето во Селце, (Тетово)“, досега (13.10.2016) не е реализиран. 

ИЗВОРИ:

Оцени: Рабије Абази

 

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED – National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …