недела , 22 октомври 2017
Happy brother and sister

Седум причини зошто постарата сестра е најдобар подарок кој сте го добиле

Happy brother and sister
Зошто постарите сестри се толку посебни? Ние имаме 7 причини, а вие слободно дополнете ја листата.

1. Ви помагаат да ја изградите својата личност

Постарите сестри како што знаат да бидат прекрасни, така знаат да бидат и незгодни. Со неа сигурно сте искусиле моменти кои ви го зацврснале карактерот. Секогаш е подобро да научите некои лекции од неа, отколку од некој странец.


2. Имате човек со кој може да разговарате и да се разберете

Понекогаш е тешко да разговарате со родителите, па затоа постарата сестра е златна средина – нешто помеѓу најдобар пријател и советник.


3. Ги научила вашите родители на многу нешта

Вашите родители веројатно со неа направиле неколку крупни грешки, кои благодарение на неа успеале да ги поправат.


4. Можете да се истурите на неа

Не секогаш нервозата можете да ја истурите на своите пријатели, затоа што не знаете дали после тоа ќе ви останат пријатели. Сестрата ќе ви прости сè, но и ќе разбере дека не се истурате на неа затоа што сте и лути, туку заради што сте сигурни дека ќе ве сака и после тоа.


5. Можете да ја имитирате и да научите нешто од неа

Постарата сестра е супер тема за копирање. Таа веќе поминала низ она што вие поминувате, па најлесно можете да се огледате на нејзините успеси и падови.


6. Секогаш ви го чува грбот

И вие секогаш и го чувате грбот. Реципроцитетот на овој однос нема цена.


7. Таа е ваше гуру

Затоа што уште пред да направите или кажете нешто, таа точно знае што ви се врти низ глава. Така, многу лесно ќе ви даде фантастични совети. Плус, затоа што семејството е за цел живот, можете да верувате дека барем таа искрено се грижи за она што ви се случува.

Нешто да додадете?

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …