четврток , 19 октомври 2017
poplavi-Hjuston

Седум загинати во поплавата во Ливорно,Тоскана

Бројот на жртвите во поплавите предизвикани од невремето во пристанишниот град Ливорно во Тоскана, Италија, се искачи на седум, откако денеска е пронајдено телото на 34-годишна жена која се водела како исчезната. Телото било пронајдено во градина затрупано со талог во Ливорно.

Загинатата жена со сопругот проверувале колкава штета нанела поплавата што во неделата ја погоди оваа област, но ги повлекла струјата.  Нејзиниот сопруг во неделата бил пронајден жив, се спасил оти грчевито се држел за стебло од дрво додека кога струјата го влечела.

Засега како исчезнат се води бездомник од Ливорно.

Четири од седумте жртви на поплавите се членови на едно семејство. Водата навлегла во подрумот на нивниот дом каде што се засолниле од невремето.
Во Ливорно во неделата по четирити часа дожд на улиците имаше 40 сантиметри вода. Улиците беа претворени во реки кои носеа автомобили.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …