недела , 24 септември 2017
engage2

Секој од нас треба да се бори за демократија за да имаме поинакво општество

Шестата конференција за друштвен активизам ENGAGE донесе дискусија за демократија, политика, активизам и моќта на граѓанинот

Бидете ангажирани – бидете промената. Можеби е клише, но навистина е така. Доколку секој од нас се бореше за демократија ќе имавме многу поинакво општество“, рече Биргита Јонсдотир од Пиратската партија на Исланд на шестото издание на ENGAGE, конференцијата за друштвен активизам, организирана од Младинскиот образовен форум (МОФ) и Радио МОФ, на која главните теми беа револуцијата во политиката, демократијата и активизмот.

Девет домашни и странски говорници, на сцената во Кино Култура, зборуваа за граѓанската ангажираност, активизмот на јавните и онлајн просторите, слободата на говор и ЛГБТИ правата, борбата против популизмот, за културата, технологијата и животната средина.

engage1

Јонсдотир говореше за револуцијата во политиката, новинарката Ирина Гордиенко го пренесе своето истражување за прогонот на ЛГБТИ лицата во Чеченија, основачот на Лајбах, Иван Новак, го раскажа своето искуство во Северна Кореја, додека Ана Биалас објасни како најголемата платформа за петиции change.org го менува светот.

Никола Писарев говореше за урбаната уметност како форма на критика и активизам, професорката Беса Арифи за жените во политиката, а коосновачот на романското критичко движење Иницијатива Романија, Михаи Политенау, го пренесе своето искуство од спротивставувањето на популизмот и корупцијата. „Корупцијата не е само крадење на јавните пари, не е само губење на услуги, понекогаш е и убивање на луѓе“, рече Политеану посочувајќи ја улогата на романските граѓани во битката против корупмираните елити.

engage

Тимот од Фчерашни новости зборуваа дека понекогаш вистинските вести се исти со сатиричното сценарио кое го подготвуваат, додека Астални проекции на публиката и пренесоа дел од својата ангажирана поезија.

Преку конференцијата ENGAGE, МОФ и Радио МОФ се стремат да го подигнат нивото на информираност на граѓаните, нивната присутност и активно делување, како онлајн така и во физичкиот простор. Преку информативни презентации, отворен простор за прашања, одговори и дискусии и претставување на успесите на општествено ангажираните каузи конференцијата создава уникатен простор за инспирација и соработка. Овогодинешното издание беше организирано со поддршка од National Endowment for Democracy, додека спонзори на настанот беа Кома – Дизајн & Принт, Nescafe и Добра вода. Во претходните пет години над 1500 граѓани биле ден од оваа годишна конференција за друштвен активизам.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …