сабота , 21 октомври 2017
dzihadisti-sinaj-540x320

Секој седми француски џихадист во Сирија е убиен

dzihadisti-sinaj-540x320Според француското Министерство за внатрешни работи, од почетокот на војната во Сирија на боиштата во оваа земја заминале 910 Французи, од кои 126 или секој седми, загинале, јави дописникот на МИА од Париз.

Француските медиуми јавија дека меѓу загинатите се наоѓа и Омар Дијаби, кој се смета за еден од главните протагонисти при регрутирање на џихадистите во Франција, кој го загубил животот на 7 август.

Според податоците со кои располагаат француските власти, смртноста на француските џихадисти „експлодирала“, зголемувајќи се за 280 отсто од јули 2014 година, па просечно седум џихадисти ги губат животите секој месец.

Оваа смртност на Французите се објаснува со нивното напредување во хиерархијата на групата Исламската држава (ИД) и нивното учество во директна борба, со што се зголемуваат ризиците да бидат убиени.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …