недела , 22 октомври 2017
98083170_042079570

Секретарот за здравство на САД поднесе оставка, поради користење на скапи приватни авиони

Американскиот секретар за здравство, Том Прајс, поднесе оставка поради употребата на скапи приватни авиони за официјален бизнис, пренесе БибиСи. Тој претходно им се извини на даночните обврзници, откако направи 26 приватни летови во мај, по цена од 400.000 долари (300.000 евра).

Владините службеници, освен оние кои се занимаваат со прашања поврзани со националната безбедност, се должни да преземат комерцијални летови за патување поврзано со работа.

Три други членови на кабинетот на претседателот Доналд Трамп се под истрага за користење на приватни авиони за време на нивната работа.

Во соопштението на Белата куќа се вели дека претседателот Трамп ја прифатил оставката на Прајс, додавајќи дека Дон Џ. Рајт бил назначен за вршител на должноста секретар за здравство. Рајт е во моментов заменик-помошник-секретар за здравство.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …