недела , 24 септември 2017
raketa-severna-koreja

Северна Кореjа: На тотална војна со САД ќе одговориме со нуклеарна војна

Мисијата на Северна Кореjа при Обединетите нации соопшти дека властите во Пјонгјанг на „тотална војна“ со САД ќе одговорат со нуклеарна војна. Северна Кореjа „сигурно ќе победи“ во борбата против „американските империјалисти“, се наведува во соопштението.

Северна Кореjа „никогаш нема биде заплашена“ од напорите на претседателот на САД Доналд Трамп да ја покори со испраќање на носач на авиони и нуклеарна подморница во водите кај Корејскиот Полуостров.

„Северна Кореја нема да се колеба, ќе оди до крај доколку САД сакаат да останат на таков став кој поттикнува конфронтација“, се наведува во соопштението.

„Најтешката контраакција“, како одговор на „какви било провокации и акции на САД“ вклучува ненадеен превентивен напад кој подразбира маневри на копно, море, под вода, во воздух и „други разни методи“.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …