недела , 22 октомври 2017
severno-korejski-vojnici-r

Севернокорејската армија во полна борбена готовност долж границата со Јужна Кореја

severno-korejski-vojnici-rСо одлука на високата воена команда на Северна Кореја делови на Корејската народна армија од денеска во 17:00 часот по локално време се наоѓа во состојба на полна борбена готовност, а во регионот на границата со Јужна Кореја е воведена воена состојба, изјави севернокорејскиот амбасадор во Кина, пренесува ТАСС.

Според амбасадорот, Генералштабот на армијата вчера постави ултиматум на јужнокорејското Министерство за одбрана во рок од 48 часа да ја прекине пропагандата долж демилитаризираната зона на границата.

– Ако нашето последно предупредување не биде исполнето, ние ќе бидеме принудени да дадеме цврст одговор, нагласи амбасадорот.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …