недела , 22 октомври 2017
rada1

Шекеринска: Главните насилници од Собранието биле изманипулирани да напаѓаат

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, по одлагањето на денешното рочиште, во кое обвинет е нејзинот напаѓач, Панче Ангелов, за настаните од 27 април во Собранието, изјави дека главните насилници биле изманипулирани да вршат насилство. „Насилството не се исплаќа, насилството се казнува“, рече Шекеринска. „Бевме стрпливи овие неколку месеци, иако не беше лесно. Ако е ова само дополнително чекање, не мислам дека е проблем. Верувам во правото на секој обвинет да има адвокатска помош“, изјави Шекеринска.

На новинарско прашање дали очекува со изборот на новиот јавен обвинител да се забрза истрагата за расчитување на настаните од Собранието, Шекеринска изјави дека и без избор на нов државен јавен обвинител, постојното јавно обвинителство има обврска да отвора истраги и да покренува обвиненија за расчистување на настаните од крвавиот четврток. „Не знам колку луѓе работат во Јавното обвинителство на РМ, знам дека бројот е голем. Тие имаат законска обврска да ги водат овие постапки и без избор на јавен обвинител“, рече Шекеринска.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …