недела , 22 октомври 2017
рада

Шекеринска – Каракачанов: Договорот меѓу Македонија и Бугарија нема да остане само на зборови

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска се сретна со својот бугарски колега, министерот Красимир Каракачанов, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

Двајцата министри дадоа зелено светло за продлабочена соработка во областа на одбраната низ конкретни иницијативи и спроведување на планот на соработка договорен на експертско ниво.

„Денеска сме тука за да покажеме на дело дека билатералниот договор што го потпишаа Република Македонија и Република Бугарија нема да остане само на зборови. И тој договор и она што се случуваше по потпишувањето на договорот покажува дека двете држави Македонија и Бугарија се свесни дека само преку добрососедство нашиот регион може да оди напред. Само преку развивање добрососедски односи можеме да ја гарантираме нашата заедничка безбедност и можеме да го гарантираме напредокот на нашите две држави“, рече министерката Шекеринска и се заблагодари што Република Бугарија сериозно застана во одбрана и во промовирање на нашата крупна стратешка цел, а тоа е членството во НАТО.

Министерот Каракачанов потенцира дека договорот што беше потпишан на 1 август се развива во иницијативи.

„Убедени сме дека стабилноста во регионот зависи од добрососедските односи. Меѓу Бугарија и Македонија никогаш немало злонамерна и заткулисна политика. Само со чесни односи може да има повеќе стабилност и ред на Балканот. Бугарија ги поддржува државното единство и територијалниот интегритет на Република Македонија. Нашата позиција е да ѝ помогнеме на Македонија да стане членка на НАТО“, рече Каракачанов.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …