среда , 20 септември 2017
sekerinska-685x320

Шекеринска: Обвинителството да не стане соучесник на насилниците

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска по исказот во Обвинителството за настаните во „крвавиот четврток“, кажа дека била два пати нападната во Собранието, еднаш со статив од камера и еднаш од човек што влечејќи ја за коса, се обидел да ја собори.

– Ако ова Обвинителство продолжи да ги минимализира нападите врз пратениците, тоа ќе стане соучесник во насилието врз пратениците и ќе помогне на насилниците кои не сакаат да ја предадат власта, рече Шекеринска.

Според неа многу лесно можат да се препознаат напаѓачите бидејќи ликовите им се јасно видливи на фотографиите и снимките.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …