вторник , 26 септември 2017
radmila bitola 4

Шекеринска од Битола: ВМРО-ДПМНЕ се плаши од губењето на МВР

radmila bitola 4
ВМРО-ДПМНЕ се плаши од трите големи работи од Договорот од Пржино, тоа се „бомбите“, истрага за сите злодела и од губењето на Министерството за внатрешни работи (МВР). Ова беа клучните поенти од трибината на СДСМ во Битола, на која зборуваше заменик-претседателката на партијата, Радмила Шекеринска.

Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина верува во поддршката од народот, зошто бега од преодна влада, запраша Шекеринска од Битола.

– Се покажа дека власта се плаши од трите големи работи во Договорот од Пржино. Се плашат од „бомбите“, бидејќи се жива вистина за оваа наша Македонија. Се плашат од каква било истрага за секое од злоделата во бомбите, бидејќи ако е по право, закон и по Устав, сите од раководството треба да одат во затвор 10 до 20 години. И трето, ВМРО-ДПМНЕ сè ќе даде, ама министер за внатрешни не им се дава, бидејќи МВР го претворија во партиски приврзок – рече Шекеринска, резимирајќи дека токму заради овие неколку клучни работи, „на 19 октомври стана јасно дека во Македонија постои партија која бега од избори, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски“.

Шекеринска рече дека е неспорно дека има страв во Македонија, но овојпат тој е преселен на друга адреса.

– До оваа година граѓаните се плашеа од своја власт, по „бомбите“ и „Вистината за Македонија“, и пораките од меѓународната заедница, стравот е на Илинденска без број. Затоа, кога летаат во авиони со пиштоли, вистината излегува на виделина – рече заменик-претседателката на СДСМ, додавајќи дека на ВМРО-ДПМНЕ им се случува рушење на системот однатре, бидејќи членови на партијата носат папки во зградата на СДСМ, само да се спасат самите себе./ МЕТА

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …