вторник , 26 септември 2017
2015-10-20-14.05.02-670x320

Шеснаесет сообраќајки за 24 часа во Скопје

2015-10-20-14.05.02-670x320Шеснаесет сообраќајни незгоди се регистрирани во изминатото деноноќие во Скопје, од кои во седум со полесна телесна повреда се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило и пет сопатници. Девет сообраќајки се со последица материјална штета.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни работилници во Основното училиште „Димитар Миладинов“ кое се наоѓа на територијата на општина Центар.

Во организација на Средношколскиот пленум денеска ќе се одржи протестен марш по сообраќајниците во централното градско подрачје до зградата на Министерството за образование и наука. Со цел уредно одвивање на сообраќајот сообраќајната полиција најавува дека ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …