понеделник , 21 август 2017
evzoni

Шести ден блокада на Евзони – Богородица

Сообраќајот на граничниот премин Евзони, на македонско-грчката граница, и денеска, шести ден по ред е блокиран во двата правца поради протестот на грчките земјоделци, кој почна на 30 јануари.

Од Авто-мото сојузот на Македонија соопштија дека премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај.

Од АМСМ информираат дека на патиштата намалена видливост поради појава на магла има во: Струмица 100 – 200 метри, Велес до 50 метри, Неготино до 100 метри, Демир Капија до 200 метри, Удово до 100 метри, Гевгелија до 50 метри, Скопје – Катланово и Скопска обиколница 10 – 15 метри.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози. Од АМСМ препорачуваат исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …