недела , 20 август 2017
silegov

Шилегов: Блокираниот суд во Неготино ја потврди потребата од итни реформи во судството во Македонија!

Се потврдува потребата од итни реформи во судството во Македонија! Граѓаните во Македонија не можат да си ги остварат своите права пред судовите, бидејки судиите, наместо да судат, се ангажираат да ги штитат криминалните интереси на власта на власта на Никола Груевски.

Еве документ од Основниот суд во Неготино што покажува дека судот е блокиран и не може нормално да работат бидејќи судии под контрола на власта во заминување се префрлаат по директиви во судовите во Скопје.

Основниот суд во Неготино го информира Апелацискиот суд во Скопје дека состојбата во кривичниот оддел е алармантна!

Причина за ваквото барање на Основниот суд во Неготино е тоа што во судот има само двајца судии и претседател, наместо законски утврдениот број од четири судии и претседател.

Значи во судот во Неготино нема доволен број судии за да одлучуваат по предмети за кривични дела. Судот во Неготино поради тоа бил принуден да побара Апелацискиот суд да определи друг надлежен суд за да не застарат кривичните предмети.

Една од судијките којашто се посочува дека е префрлена од Основниот суд во Неготино во Скопје е судијката Александра Поп Стефанија. Таа во Скопје прво е донесена во Судот за прекршоци, а потоа, како што знае и јавноста, беше префрлена во Одделот за организиран криминал во Кривичниот суд во Скопје.

За потсетување, Поп Стефанија беше назначена за судијка во Одделот за организиран криминал од страна на претседателот на судот Владимир Панчевски, спротивно на Законот за судовите, одлуката на Судскиот совет и  Правилникот за работа на Судот. Токму оваа судијка е една од најекспонираните во кочењето на работата на Специјалното јавно обвинителство.

Ова е само една од причините зошто на Македонија и е итно потребна нова и одговорна Влада на граѓаните, којашто ќе обезбеди итни реформи во судството и правда за сите.

Потребни се целосни реформи за никогаш повеќе да не се повтори судските пресуди да се пишуваат во партиските штабови наместо во судовите и никогаш повеќе да нема блокирани судови заради исполнување на лични и партиски желби и интереси.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …