петок , 22 септември 2017
unnamed1

Шилегов: Груевски призна дека „бомбите“ се автентични

unnamed1Со тоа што владејачките партии поднесоа закон до Собранието кој што би забранил емитување на прислушуваните разговори, тие признаа дека „бомбите“ се автентични, изјави пратеникот од СДСМ Петре Шилегов.

„Поднесувањето на законот од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за според, Никола Груевски, лепените, сеченети и монтираните материјали одеднаш ги направи не било какви, туку прислушувани кои треба со закон да се забранат. Нема поголемо јавно признание на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за автентичноста на скандалозната содржина од снимките. Со овој потег признаваат дека се ислашени од материјалите“, рече Шилегов.

Ова не е дел, додаде тој, од договорот во Пржино меѓу потписниците, потенцираше, ниту разговарале ниту е дискутирано за ваков закон.

„Ова е обид да го нарушат преговарачкиот процес, но СДСМ тоа нема да го дозволи. Секојпат кога владеачките партии треба да голтнат кнедла која го разбива нивниот систем на корумпирано владеење се случува ваков упад во преговарачкиот процес. Ако се сеќавате еден ден пред изборот на Специјалниот јавен обвинител имаше скандалозни судски решенија во однос на прислушкуваните разговори“, рече тој.

Од СДСМ веруваат дека овој закон нема да биде изгласан.

На прашање што доколку владејачките партии го искористат мнозинството на пратеници во Собранието и го донесат законот Шилегов рече: Да не разговараме за хипотетички ситуации.

„Дали воопшто ќе дојде на седница и дали воопшто ќе се дискутира за овој предлог законе прашање за кое ќе посведочи самата јавност. За нас е битно што е конечно признаено, содржината на прислушуваните разговори. Нема да дозволиме да се наруши преговарачкиот процес, да почекаме овој закон да ја види светлината на денот“, додаде тој.

 

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …