понеделник , 23 октомври 2017
silegov

Шилегов: Ќе овозможиме младите да отворат свои бизниси, за да не работат за плата од 12.000 денари

На средба со граѓаните во Бутел, кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ, Петре Шилегов вети вработување за младите, нова инфраструктура, нови спортски центри и училишта, како и подобрување на постоечкте, кои се веќе на територијата на градот Скопје.

„Имаме цел да ги заадржиме младите во државава, зошто истите веќе се иселуваат. Програмата ја правевме во консултација со нив и со цел реализирање на нивните потреби. Во програмата е и проектот според кој младите ќе можат да основаат свој бизнис, со цел самовработување, за да не работат за плата од 12.000 денари“ рече Шилегов.

Кандидатот за градоначалник на општина Бутел, од редовите на СДСМ и коалицијата, Велимир Смилевски, изјави дека ќе бидат реализирани многу проекти за младите, согласно нивните потреби, а програмата е креирана врз основа на потребите на граѓаните на Бутел.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …