сабота , 23 септември 2017
Silegov1

Шилегов одговори на новинарските прашања: Отчукува часовникот за Никола Груевски, за жал иднината на Македонија зависи од него

Silegov1
По синоќешниот состанок на полноќ, какви се очекувањата? Ќе има ли договоор или Македонија ќе се соочи со последици, прво, повлекување на препораката за почеток на преговори за членство во ЕУ, го праша еден од новинарите портпаролот на СДСМ.

Договорот е вон сила од моментот кога го прекрши ВМРО-ДПМНЕ со некомплетирањето на тимот на специјалниот јавен обвинител. Дали Македонија ќе заврши како Белорусија на Балканот или ќе продолжи со своите европски интеграции, за жал зависи од Никола Груевски, одговори Петре Шилегов.

Во продолжение сите прашања од денешанат прес конференција на СДСМ:

П2: Господине Шилегов, каков е вашиот став? Што ќе преземе СДСМ како идни чекори?

Ние веќе кажавме, договорот е вон сила, сите опции се отворени, што би значело дека сите средства што ни стојат на располагање, ќе бидат употребени. Часовникот за Никола Груевски отчукува.

П3: Говорам за бомби…

Часовникот за Никола Груевски отчукува.

П4: Ова значи дека ќе има нови бомби, нови материјали за криминал и корупција или слично?

Сите опции коиштио ни стојат на располагање ќе бидат употребени. Веќе трет пат повторувам, часовникот за Никла Груевски отчукува. Денешните докази коишто ги презентираме се исто така докази за огромен криминал којшто ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски го сториле во Република Македонија.

П5: Што подразбирате конкретно со тоа, сите опции се отворени?

Сите опции се отворени. Дали и како ќе продолжи Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со понатамошниот негов ангажман, навремено ќе бидете информирани. На Никола Груевски времето му одминува и часовникот му отчукува.

П6: Дали амбасадорите се против објавувањето на бомбите или слично? Дали сте разговарале за тоа, дали имате некаков притисок да се запрат бомбите од дипломатскиот кор или слично?

Немаме таков тип на притисок. Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ со неприфаќањето на очигледните работи, и тука беше направена јасна дистинкција од меѓународната заедница, го има лоцирано виновникот за состојбата во којашто се наоѓа Република Македонија.

П7: Пак ќе се вратиме на бомбите. Зошто толку се тактизира, ако порано вашиот одговор беше дека сакате да му дадете шанса на дијалогот, веќе сите рокови се пробија, договор нема. Зошто се тактизира?

Не се тактизира. И денешниот прес е доказ за таа работа.

П8: Вашиот претседател објави на Фејсбук пост за бомбите.

Да, објави дека денеска започнува да му отчукува времето на Никола Груевски.

П9: Господине Шилегов има ли некој краен рок до кога ќе е спремна меѓународната заедница да помага во процесот, еве денеска има средби, билатерални, најавени со господинот Ванхојте, со владејачката ВМРО ДПМНЕ. Колку дена уште ќе трае? Оти првично на брифингот во средата господинот Ванхојте рече дека крајот на оваа седмица е како deadline до кога се оценува дека Договорот од Пржино има некаква важност и постои простор да кажеме за негова реализација. Што мислите вие?

Ме прашавте и одговоривте на вашето прашање. Тоа е прашање наменето за господинот Ванхојте мислам дека и тој беше дециден во тој брифинг за којшто зборувате. Факт е дека времето одминува. Дали Македонија ќе заврши како Белорусија, изолирана или ќе продолжи со европските интеграции зависи од Никола Груевски.

П10: Исто така сакам да ве прашам бидејќи сме во неможност ова прашање да му го поставиме на господинот Груевски, кои беа позициите на ВМРО вчера? Како они се однесуваа на преговарачката маса? Затоа што еве јавноста очекуваше да се случи некаков напредок, се закажува драматично состанок во полноќ, сите лидери доаѓаат, седнуваат на заедничка маса и на крајот издишан балон?

Никола Груевски секогаш кога се критични прашања за иднината на Република Македонија одбира да избега од Р. Македонија како што е и во денешниот случај.

П11:Господине Шилегов постои најава дека ќе има некакво писмо од господинот Јункер за некакво замрзнување на сметки. Какви се вашите информации?

Немаме информација околу тоа прашање, информациите со коишто ние располагаме се истите со коишто и вие, тоа се согледувања од средствата за јавно информирање. Факт е дека посредникот во преговорите околу спроведувањето на Договорот за Пржино најави можни санкции кон носителите на политички државни функции во Република Македонија.

П12: Колку албанските партии беа ангажирани да се спроведе Договорот од Пржино?

Постоеше посветеност и мислам дека беше кажано и на дел од брифингот, не би шпекулирал, дека има три кооперативи од коишто една е зрела политичка партија и една којашто во целост не соработува.

П13: Господине Шилегов дали е можно формирање на ново парламентарно мнозинство и кои се вашите ставови по тоа прашање?

Прерано е да шпекулираме околу такви прашања. За нас е битно, за нас е значајно Република Македонија да ги продолжи своите европски интеграции.

П14: Господине Шилегов каков е ставот на СДСМ за одложување на изборите, дали сте размислиле на тој начин и што потоа? Дали сте заинтересирани и дали е ОК за вас ако се одложат?

Интерес на Република Македонија е да има фер и демократски избори. Очигледно е дека Никола Груевски не може да се соочи со тоа да во оваа држава бидат спроведени избори на фер, демократски, цивилизиран начин. Очигледно е дека истиот сака во целост да управува со изборните процеси. Целокупната македонска јавност и вие медиумите бевте сведоци за големите изборни грабежи и манипулации во текот на изборниот процес.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …