недела , 22 октомври 2017
petre-gostivar

Шилегов: По 11 години на власт, Груевски и Ѓорчев сега ветуваат инвестиции

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата од Гостивар најави дека доаѓаат промените на 11-ти декември.

-Овде во Гостивар, Никола Груевски и Влатко Ѓорчев, ветуваат после 11 години владеење инвестиции , поголеми плати и вработувања. За 11 години можеа да кажат се што знаат. Сега ветуваат наводни поддршки на фирмите за износ од 100 милиони евра со 5 % камата. Допрва им текнува дека во Македонија постојат луѓе, во Македонија постојат граѓани.

Ние сме свесни, ние знаеме, столбот на секоја здрава економија се домашните фирми. Домашните правни субјекти, малите и средни претпријатија за коишто предвидуваме помош од 140 милиони евра. Оваа наша економска политика, затоа што не знаат економија, не може да ја разбере ниту Влатко Ѓорчев ниту Никола Груевски.

Се обврзуваме, ветуваме на сите граѓани и овде во Гостивар, и низ шестка, и низ Република Македонија: до крајот на четири годишниот мандат на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, минималната плата во Македонија ќе изнесува 16.000 денари, а просечната плата ќе изнесува 30.000 денари!

Мораме да го сопреме процесот на иселување на младите. Младите луѓе кои ќе инвестираат во Македонија, младите луѓе коишто ќе отвараат сопствени бизниси ќе ги стимулираме со 15.000 евра кредити со 1 % камата.

Ќе ги стимулираме сите домашни фирми кои ќе вработуваат млади луѓе, коишто ќе вработуваат луѓе коишто се пред пензија, коишто ќе вработуваат луѓе од социјалните групи, рече носителот на листата на Коалицијата предводена од СДСМ во шестата изборна единица, Петре Шилегов.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …