вторник , 26 септември 2017
petre_01_2110

Шилегов : ВМРО-ДПМНЕ е во тотален хаос – назначија двајца претседатели на Регулаторна

Се наоѓаме пред нерегуларната Регулаторна Комисија за енергетика.

Нерегуларна затоа што спротивно на Законот за енергетика оваа комисија има двајца претседатели, назначени од власта во заминување.

Ова е одлуката со којашто покрај постоечкиот претседател, за претседател е именуван и Дејан Бошковски, поранешниот директор на АД ЕЛЕМ. 

odluka

Веројатно како награда од Груевски за неговото неодговорно работење во АД ЕЛЕМ каде што се случи најголемиот грабеж на граѓаните преку нерегуларни тендери и зголемувањето на цената на струјата за 100%.

Оваа Комисија е нерегуларна затоа што именуваниот, според Законот, не смее да биде ниту член а најмалку претседател на Комисијата.

Согласно законот, за да се биде член на оваа комисија треба најмалку една година да не се извршува раководна функција во УО или ИО на енергетска компанија.

Дејан Бошковски беше назначен само неколку дена после неговата оставка од функцијата во АД ЕЛЕМ.

Ваквото незаконско назначување на партиските војници мора да запре.

По 11-ти декември, Македонија ќе биде правна држава, законите ќе се почитуваат и ќе важат за сите подеднакво.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …