недела , 24 септември 2017
volfgan-sojble

Шојбле: Зависноста од ниски камати е како зависност од дрога

volfgan-sojble
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле денеска повика на брзо менување на политиките кои поддржуваат ниски банкарски камати.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Шојбле го даде предупредувањето на опасноста од ниските камати врз економијата, откако во САД беше иницирана слична дебата поврзана со глобалните економски трендови и кризата во Кина.

Најновиот апел на министерот за финансии кој и порано бараше „да се нормализираат“ каматните стапки, доаѓа во време кога германската економија со соочува со опасност од криза на пазарите на пари и со штетите предизвикани од скандалот во водечкиот германски производител на автомобили „Фолксваген“.

Според Шојбле, каматните стапки се прениски, што предизвикува проблеми особено во функционирањето на пензиските фондови.

Ваквото предупредување на Шојбле уследи откако Европската централна банка ја намали својата основна каматна стапка на рекордно ниско ниво од 0,05 проценти и во исто време печати пари за да ја зајакне економијата, со што придонесува за ниска инфлација.

Министерот за финансии на најбогатата европска економија ги предупреди законодавците „да не паднат во замката“ на задржување ниски камати за да се поддржи позитивниот рејтинг на економиите, споредувајќи ја оваа ситуација со зависност од дрога.

Слични написи

dragan tevdovski

Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавни финансии 2018-2021

Македонија до крајот на годината ќе ја добие првата Стратегија за управување со јавните финансии …