четврток , 19 октомври 2017
spanija

Шпанија: Почна судењето на припадници на каталонската полиција

Шпанскиот национален суд денеска почна со испитување на шефот на регионалната полиција на Каталонија, Жозеп Луис Трапер, кој е осомничен дека под негова команда полицајците не презеле соодветни мерки за да го спречат гласањето на референдумот за независност на оваа шпанска покраина.

Освен Трапер, пред судот се појавиле и претседателите на организацијата „Каталонско национално собрание“ и сепаратистичката група „Омниум културал“, Жорди Санчез и Жорди Куиксарт.

Траперо и полицискиот полковник Терес Лаплан се обвинети за побуна во текот на демонстрациите на 20 и 21 септември во Барселона кога националната полиција уапси неколку претставници од каталонската влада и во текот на референдумот на 1 октомври.

Шпанските власти сметаат дека демонстрантите ја спречувале операцијата на националната полиција и дека регионалната полиција не направила доволно да ги сопре демонстрантите.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …