среда , 18 октомври 2017
stajnamajer

Штајнмаер: Балканските земји не можеме да ги оставиме сами

stajnamajerГерманскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер денеска изјави дека земјите од Западен Балкан не треба да се остават сами во решавање на бегалската криза и затоа Германија одлучила на Србија и Македонија да им даде милион евра за помош на мигрантите.

Тој во интервју за германското радио Дојче веле истакна дека земјите од Западен Балкан се наоѓаат на патот кон ЕУ и не можат истовремено да бидат држави од каде ќе доаѓаат луѓе и ќе бараат заштита во Германија.

Штајнмаер додаде дека вчера во Виена ги потсетил претставниците на балканските земји дека тие ги прифатиле меѓународните хуманитарни норми во многу договори и поради тоа имаат обврски.

– Притоа не треба да ги оставиме сами. Затоа пред неколку дена билатерално одлучивме на Грција да и помогнеме со околу 1,2 милиони евра за згрижување на бегалците. Исто така, е договорено на Македонија и Србија да им дадеме дополнителни еден милион евра за помош на мигрантите, истакна шефот на германската дипломатија, изразувајќи надеж дека и други држави ќе постапат на истиот начин.

Тој потсети, исто така, дека и ЕУ донела слични одлуки.

Штајнмаер нагласи дека намерата на ЕУ не е да го спречи пристигнувањето на воени бегалци од Грција во Македонија и Србија и интензивно разговара со Атина, која тврди дека Турција масовно ги „турка“ сириските бегалци кон Грција.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …