недела , 24 септември 2017
stajnmaer-610x320

Штајнмаер: Договорот со Иран вовед во решавање на конфликтите на Блискиот исток

stajnmaer-610x320Нуклеарниот договор  на Иран со светските сили е „вовед во понатамошни дипломатски потфати“ за решавањето на конфликтите на Блискиот исток, изјави денеска во Техеран министерот за надворешни работи на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер.

– На овој регион му е потребно повеќе дипломатија, не помалку, изјави Штајнмаер укажувајќи на конфликтите во Сирија, Јемен и Ирак. Наведувајќи дека постојат „многу прашања во врска со намерите на Иран во регионот и многу сомнежи“, Штајнмаер нагласи дека Техеран дури иако ги смета за „нечесни и неосновани…не треба да ги игнорира туку да ги решава конструктивно“.

На заедничка прес конференција,  шефот на иранската дипломатија рече дека верува оти „реализмот е зголемен на Запад во поглед на сириската криза и дека постојат решенија за кои сите може да се сложат“.

Зариф истакна дека странското ангажирање во Сирија треба да биде насочено на решавање на кризата, а не на наметнување свои гледишта врз сирискиот народ.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …