среда , 28 јуни 2017
sterbik

Штербик: Можеме да издржиме два меча за 24 часа

Голманот на Вардар Арпад Штербик е убеден дека неговите соиграчи имаат квалитет и сили да одиграат два тешки натпревара во два дена на претстојниот „Фајнал фор“ турнир од ракометната Лига на шампиони.

– Целосно сме сконцентрирани на овие натпревари. Се е подредено на тој настап. Овој турнир се игра во 24 часа, и мислам дека нема фаворити. Досега победуваа на Ф4 некои екипи што не беа фаворити, како Фленсбург и Хамбург, и затоа мислам дека сите екипи одат во Келн со исти шанси, вели Штербик.

Вардар одигра три натпревари од домашното првенство и Куп за три дена неодамна.

– Ние сме млада екипа и би требало да можеме тоа да го издржиме силниот ритам. Обично тие што играат втор меч во полуфиналето имаат мали шанси да победат. Во минатото најголем дел победувале екипи што победувале на првиот меч. Ние сме млада екипа што може да победи за 24 часа, истакнува Штербик.

Вардар в сабота (3 јуни) од 18 часот во второто полуфинале игра со Барселона, а победникот в недела во истиот термин ќе се бори за трофејот. Во првото полуфинале на 3 јуни се среќаваат Веспрем и ПСЖ (почеток 15:15 часот).

Експедицијата на Вардар за Келн ќе замине в четврток попладне.

Слични написи

davitkov

Давитков: Да го вратиме националниот тим таму каде што припаѓа

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков на денешната прес-конференција во спортскиот центар „Борис Трајковски“ …