сабота , 21 октомври 2017
kosijas

Што очекува Коѕијас од Македонија за да не ја обвинува за иредентизам?

Во врска со средбата на генералниот секретар Антонио Гутереш со грчкиот министер за надворешни работи за спорот за името реагира претседателот на Македонската алијанса, Ѓорѓија (Џорџ) Атанасоски, според кого, по локалните избори ќе се зголеми притисокот Македонија да попушти и да прифати да преговара за некаков нов предлог што ќе треба да ги задоволи максималистичките позиции на официјална Атина.

„Според Коsијас, постои отворен прозорец за можности да се разговара по локалните избори, а услов за официјална Атина да прифати воопшти да разговара е Македонија „да го напушти иредентизмот“. Значи, земјата што во согласност со пресудата на Меѓународниот суд во Хаг ја прекрши Привремената спогодба не само што дрско го загрозува универзалното демократско право на самоопределување, кое мора да важи за Македонија како и за секоја друга земја членка, туку поставува и нови услови за решавање на повеќедеценискиот ирационален проблем кој грчките политички елити го имаат за нашето уставно име.

Ај што грчкиот политички врв упорно и лажно нè обвинува за некаков измислен иредентизам, дилемата е на што точно мисли Коsијас кога ја условува Македонија да го напушти иредентизмот? Дали очекува да ги тргнеме сите споменици на Александар Македонски, да ги преименуваме аеродромот и автопатот? По промената на Уставот, знамето, прифаќањето на срамната и понижувачка привремена референца БЈРМ, уште што треба да направиме за да ги задоволиме грчките националисти“?, прашува Атанасоски.

Според него, меѓународната заедница е слепа и глува за скандалозните провокации и националистички нагони кон Македонија од Павлопулос, Каменос, Кумуцакос и сите други грчки функционери кои не пропуштаат шанса да промовираат средновековен иредентизам.

„Владата на Зоран Заев и Никола Димитров бадијала промовираат некаков нов пристап во надворешната политика кој повеќе личи на сервилност и самопонижување отколку на осмислена стратегија. Сурова реалнот е дека официјална Атина воопшто нема намера да се откаже од своите радикални барања, уцени, блокади и закани насочени кон принуда да се откажеме од името и идентитетот“, стои во соопштението од Македонската алијанса.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …