вторник , 26 септември 2017
sexual

Што откриваат сексуалните навики за вас?

sexual
Добро е да се познавате себе и да знаете точно што сакате, но понекогаш, кога ќе решите малку да си поиграте, границите и навиките се зголемуваат, а тогаш можете да откриете што ви се допаѓа, а сте го избегнувале.

Навиките доаѓаат со карактерот и го одредуваат, а ако не си дозволите на себе си да им робувате ќе си го збогатите карактерот.

Омилената поза

Доминацијата и контролата во креветот кореспондираат со доминацијата и контролата во животот. Накратко: како во креветот, така и во животот.

Ако ја сакате позата одзади, тоа кажува за потребата за ослободување на својата примитивна природа и доминантен начин на живот.

Мисионерската ја истакнува доминацијата на мажот, но со нагласување на блискоста и интимата.

А оние кои уживаат во размена на доминациите се способни да уживаат во сексот на многу различни начини. – А така умеат и за се друго во животот да се опуштат и да преземат иницијатива.

Туширање потоа

Оваа навика не е до хигиената, туку до чувството дека сте правеле нешто валкано и нечесно. Како да не го доживувате сексот како природен, чист, непосреден, искрен контакт и комуникација. Туку како да си ја полните главата со бесмислени прашања за моралот.

Секаде освен во креветот

Неконформизам, екстравагантност и авантуризам – тоа е животен стил кој ви ги диктира навиките, па дури и оние во кревет.

Само во својата соба

Најсигурни помеѓу своите 4 ѕида. Тие најмногу сакаат одзади, но ќе уживаат и во сите облици на орален секс, кои го посакуваат поинтензивно отколку сите други.

Надвор од својата соба тие се примерни и пристојни граѓани. Си дозволуваат да дивеат само во приватност. Нема шанси да ги наговорите на авантуристички секс. Тие ќе бидат добри љубовници и луѓе ако им е се по мерка.

Ако тоа не се случува, тогаш се несигурни и лути.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …