вторник , 24 октомври 2017
zevanje

Што се случува со вашиот мозок кога не спиете доволно?

Брзото темпо на живот прави луѓето да бидат премногу зафатени со дневните обврски, а како резултат на тоа страда ноќното спиење. Иако е лесно да се помине еден или два дена без доволна количина сон, сепак, долгорочните ефекти можат да бидат штетни. Зошто би требало да се грижите доколку не спиете доволно одреден период?

Како недостатокот на спиење влијае на вашиот префронтален кортекс?

Спиењето е важно за да му овозможите на вашиот мозок правилно да функционира. Многу од останатите функции на телото може да се регенерираат со релаксација, но не и мозокот. Една студија покажува дека префронталниот кортекс станува поактивен кога луѓето се одморени. Ова е главната причина зошто се чувствувате подобро по кратка дремка, односно, на овој начин вие му давате повеќе енергија на мозокот.

Имајќи го предвид ова, можете да замислите што се случува кога не сте доволно одморени. Ова е проблем затоа што префронталниот кортекс е од исклучителна важност. Тој е одговорен за расудувањето, импулсивноста, вниманието и визуелните асоцијации. Кога овој дел од мозокот ќе биде уморен, вие можете слабо да проценувате одредени ситуации, да халуцинирате, потешко можете да останете фокусирани и не сте во нормална состојба да се справувате со секојдневните работи.

Резултатите од магнетната резонанса ги покажуваат ефектите

Истражувањата покажуваат дека по 16 часа без сон, мозокот почнува да ги чувствува последиците. По 16-часовна активност без добро спиење (дури и да сте спиеле малку), вашиот мозок ја губи способноста за нормално функционирање. Исто така треба да се спомене дека различни делови од мозокот се одмораат во различни фази од спиењето. Значи, дефинитивно треба да си овозможите соодветно спиење секоја ноќ.

8-часовното спиење во суштина ви овозможува целосно обновување од секојдневниот стрес. Вашето тело може да се одмори со седнување во текот на денот, но мозокот ја нема оваа опција, туку мора да биде активен и буден преку целиот ден. Всушност, сите функции се управувани од него, па затоа, треба да му го овозможите потребниот одмор. Не можете да работите прекумерно, а да спиете премногу малку. Запаметете дека здравствената состојба на вашиот мозок е од огромно значење за нормално функционирање.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …