недела , 22 октомври 2017
pece-trkalo-640x320

Што вреди повеќе во Македонија – живот или тркало?

pece-trkalo-640x320Колку вреди човечкиот живот во Македонија? Се фрлаат милионски суми за луксузни барокни згради, милионски споменици и панорамски тркала, а за стотина пати помали суми кои се потребни за спас на многу животи, се одолговлекуваат процедурите, се бара огромна документација и уште многу други бирократски пречки, од кои најголемата се парите што државата е должна да им ги даде на луѓето кои бараат помош.

Дали палмите се повредни од човечкиот живот? Дали откажувањето на власта од едно панорамско тркало што чини 18 милиони евра може да им даде надеж и спас на сите кои молат за помош.

11846454_10206083590781568_1909416760_n

По трагичната смрт на Тамара од Велес, се чинеше дека државата ќе биде поангажирана ако ништо друго да им даде шанса на сите болни на кои им се потребни пари за лекување во странство, но тоа не се случи.

Освен што згасна уште еден млад живот, со месеци наназад како што може да се види на страницата донации.мк, истите луѓе не успеваат да ја соберат потребната сума за лекување, а државата не реагира.

donaciisajt

Еден од нив беше и битолчанецот Пеце Роговски, кој успеа да ги собере потребните пари – но беше премногу доцна.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …