вторник , 26 септември 2017
sulcnova

Шулц: Ситуацијата на Балканот крајно загрижувачка, како со бегалците, така и на политички план

sulcnovaСамитот од минатата недела јасно покажа дека ситуацијата на Балканот е крајно загрижувачка, како со бегалците, така и на политички план, истакна во воведот на денешната расправа во ЕП за резултатите од неделниот самит во Брисел, претседателот на ЕП, Мартин Шулц, јави дописникот на МИА.

– Илјадници луѓе се на пат, им студи, страдаат и чекаат на нашите граници… Доаѓа зимата и се најавува катастрофа, додаде Шулц, повикувајќи да се почитува постигнатиот план од 17 точки, кој за него е е ургентен одговор на кризата. Притоа претседателот на ЕП, нагласи дека проблемот останува и понатаму со неисполнетите ветувања, како и тоа дека владите од левица или десницата (од земјите членки на ЕУ) кои сметаат дека националниот егоизам е над заедничкиот, „тоа е драматично како за бегалците, така и за европската кохезија“.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск од своја страна пред европратениците нагласи дека „кризата со бегалците е земјотрес за европскиот политчки пејзаж“, за што сега се потребни „исклучителни одговори и жртвувања, за да се гарантира единството на земјите членки и на институциите, заедно да се раководи со кризата, ако не последиците ќе бидат катастрофални“.

Туск потсети дека ситуацијата ќе се влошува и понатаму, бидејќи се очекуваат уште 100.000 нови бегалци кон Европа од регионите на Сирија каде интервенира руската авијација.

–  Договорот со Турција има смисла, ако тоа го регулира приливот на бегалци. Но тоа нема да биде лесно, нагласи Туск.

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер одеше во иста насока, нагласувајќи ја ургентната потреба од соработка со Турција и финансирањето на ветените три милијарди евра.

Јункер, осврнувајќи се на самитот од неделата, нагласи дека дека неговата цел беше исполнета: „балканските земји требаше да си зборуваат меѓусебе, наместо да зборуваат за другите, за регионалните и билатералните проблеми“.

Јункер, притоа оцени дека овој „вонреден самит“ не ќе беше потребен, ако земјите членки на ЕУ си зборуваа меѓу себе. – Тоа само покажа дека Европската унија не е во добра ситуација.

Дебатата која се водеше во Брисел претседателот на ЕК ја оцени како „отворена, искрена, затегната, сите дискусии не беа придонес за дијалогот“.

– Им се заблагодарувам на различните учесници, за нивниот придонес, бидејќи не може да се изгради Европа едни против други, туку едни заедно со други, изјави Јункер.

Според него, „неделата не беше за големи политички изјави, туку за да се зафатиме со работа“, додавајќи дека учесниците на самитот се ангажираа со конкретни обврски за справување со кризата со бегалците. Односно обврската да се создадат 100.000 прифатни места на патот на бегалците низ Балканот и честитки за владата на Ципрас која се обврза да отвори ургентно 30.000 места за бегалците во Грција.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …